цена техничка поддршка рекоа за македоника преглед инфо претходни верзии контакт
developed by SEMOS MULTIMEDIA
select language select language
почеток
најнови додатоци
 
слика на неделата
Авионска снимка на Охридско езеро
подароци
desktop теми

е-cards
рекоа за македоника

Она што не им успеало на многубројните релевантни институции во земјава не само во последниве години на самостоност и државност туку и во рамките на поранешната општествена припадност на Република Македонија покрај другото е и создавањето на едно енциклопедиско издание што ќе претставува пресек на севкупното живеење на нашите простори капитален продукт богат со информации од сите домени што ќе биде од корист за секој поединец а од друга страна ќе биде вистински и достоен презент на нашата меѓународна (планетарна) позиција рамо до рамо со сродните изданија на другите народи култури и држави.

"Утрински Весник"

CD ROM-от "Македоника" го создадоа компетентни луѓе за оваа област со многу желба ентузијазам и љубов и затоа по својот високо вреднуван квалитет кој изобилува со богати и разновидни содржини заслужува да се нарече национална енциклопедија.

"Дневник"

Првата мултимедијална енциклопедија за Македонија се појавува во вистинскиот момент за да ги задоволи нараснатите потреби за информации за Република Македонија. Со огромниот број податоци, фотографии, видео и аудио материјал, карти и други документи Македоника претставува солидна база за запознаванје со битните елементи на македонската цивилизација и дрзавност. Појавата на Македоника воодушевува не само заради отсуството на било каква посебна енциклопедија за Македонија, туку и заради фактот дека со ова издание информациите за Република Македонија стануваат достапни за милиони корисници ширум светот на лесен и едноставен нацин. Македоника ќе го даде белегот на сите натамошни презентации на Република Македонија во светот и станува неопходна алатка са секој дипломат, турист, деловен цовек или новинар кој ќе покаже интерес за Македонија. Можноста за азуриранје на податоците во натамошните изданија го прави овој CD ROM уште поатрактивен. Со Македоника, Семос Мултимедија го прави малиот, а толку неопходен линк кон 21 век. Работите околу информациите за Македонија веќе не ќе може да бидат исти никогаш повеќе. Младиот тим на Семос Мултимедија помага Република Македонија конечно да си го завземе своето место во светската мапа на електронски информации.

Слободан Унковски
професор на ФДУ, Скопје

Енциклопедиите го презентираат националното богатство на една држава и со тоа самите стануваат дел од него. Маkедониkа, на Семос Мултимедиа, станува дел од тоа богатство.

Владимир Дуковски
професор на Машински факултет, Скопје